Брза и вкусна салата која ќе ја обожавате!
Состојки:
- 100 гр ориз
- 100 гр зготвена пченка
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
- 2 домати
- 4 чешниња лук
- листови магдонос
- сол
- масло
Начин на подготовка:
- Лукот и магдоносот ситно исечкајте ги, посолете и додаје масло. Оставете да отстои околу еден час додека го подготвите останатото.
- Оризот згответе го и измијте го во студена вода, па измешајте со пченка. Пиперките и доматите исечкајте ги на коцки. Сѐ измешајте и прелијте со прелив од лук и магдонос.
Добар апетит!