Популарен рецепт за тортиља: 4 различни филови за совршена комбинација од вкусови.
Состојки:
- тортиља
- тартар мајонез
- 1/2 авокадо
- 1/4 виолетов кромид
- 2 парчиња домат
- 1 пилешко филе
- 2 листови сирење
Начин на подготовка:
- Тортиљата пресечете ја на половина (до средината). Една четвртина премачкајте ја со мајонез, а преку ставете исечкано авокадо. На втората четвртина ставете ги доматот и кромидот, на третата четвртина ставете месо кое претходно сте го испржиле, а на четвртата четвртина сирењето. Преклопете на 4 дела, па тостирајте.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта