Руски рецепт за прженици – брзи и вкусни.
Состојки:
- 6 парчиња леб
- 3 јајца
- 50 мл млеко
- 120 гр тврдо сирење
- 30 гр путер
Начин на подготовка:
- Во плех ставете три парчиња леб и со вилушка направете дупки на неколку места (за подобро да се впие смесата). Јајцата се матат со млеко и сол, па се прелива преку, половина од количината. Оставете 5 минути лебот добро да впие. Посипете со рендано сирење и ставете ги преостанатите кришки леб. И тие кришки избодете ги со вилушка, прелијте ја со преостанатата смеса со јајца, лесно притиснете и оставете да впие уште 5 минути.
- Одозгора ставете парче путер и посипете со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 20 минути.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта