Нов начин на подготовка на уштипци.
Состојки:
- 1 кг компири
- 100 гр пармезан
- 3 јајца
- 20 гр магдонос
- 2 чешниња лук
- 80 гр презла
- сол
- црн бибер
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Компирите згответе ги, а потоа изгмечете ги со лажица за пире. Додајте презла, јајца, пармезан, издробен лук, магдонос, сол и бибер и убаво измешајте. Намастете ги рацете и обликувајте уштипци. Пржете ги во тава од двете страни додека не поруменат.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи