Брза подготовка, одличен вкус.
Состојки:
- 1 зрела банана
- 1 шолја млеко
- 2 шолји овесни снегулки
- 1 јајце
- 1 лажичка сода бикарбона
- кокосово масло
- екстракт од ванила (по желба)
- 1 лажица мед (по желба)
Начин на подготовка:
- Во блендер измешајте ги бананата, млекото и овесните снегулки. Додајте јајце и сода бикарбона, па повторно измиксајте. Ако ставате и додатоци по желба, додајте ги сега и миксајте уште неколку секунди.
- Загрејте тава и на малку кокосово масло печете ги палачинките. Кога на горната страна ќе се појават меурчиња, свртете ги палачинките и печете ги на другата страна.
- Послужете со свежо овошје.
На здравје!
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт