Брзи мафини од пченкарно брашно со печурки.
Состојки:
- 15 лажици пченкарно брашно
- 2 лажици пченично брашно
- 1 главица кромид
- 150 гр печурки
- 3 јајца
- кисело млеко
- 1 дл масло
- сол
- бибер
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Додајте печурки исечкани на листови, посолете и побиберете, па динстајте десетина минути.
- Разматете јајца, додајте кисело млеко, масло и двата вида брашно. Измешајте и смесата спојте ја со издинстаните печурки. Ставете во калапи за мафини и печете 30 минути на 200 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна