Меко и воздушесто тесто, полнето со крем – одличен начин да се засладите за време на пост.
Состојки:
- 850-950 гр брашно
- 1 рамна лажица сол
- 40 гр свеж квасец
- 2 лажици кристал шеќер
- 200 мл соино млеко
- 150 мл масло
- 1 ванилин шеќер
- 200 мл минерална вода
- 1 посен маргарин
- посен крем
Начин на подготовка:
- Квасецот активирајте го и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне, потоа исечете во 16 делови. Секој дел развлечете го во мал круг и премачкајте со маргарин.
- Круговите редете ги еден преку друг. Оставете да нарасне. Развлечете голем круг и исечкајте во саканите делови. Намачкајте со крем, направете кроасани. Печете на 180 степени 25-30 минути.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна