Одлични за доручек или вечера…
Состојки:
- 15 гр квасец
- 300-350 гр брашно
- 200 гр чварки
- 1 лажичка шеќер
- малку сол
- 1 жолчка
Начин на подготовка:
- Потопете го квасецот во малку млака вода, додајте шеќер, па кога квасецот ќе се растопи додајте кисело млеко и брашно и замесете меко тесто.
- Оставете малку да нарасне па развлечете го што потенко и посипете со мелени чварки.
- Тестото преклопете го неколку пати па развлечете го на дебелина од прст и сечете погачици.
- Оставете ги во плех да нараснат, премачкајте ги со жолчка и посипете со сусам. Печете на 200 степени околу 25-30 минути.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути