Една преубава штрудла, мека и сочна, се подготвува за миг!
Состојки:
- 400-500 гр брашно
- 2 јајца (едно за премачкување)
- 1,5 дл млеко
- 20 гр квасец
- 100 гр маргарин
- 1 лажица шеќер
- прстофат сол
- 200 гр нутела или некој друг крем
Начин на подготовка:
- Од наведените состојки замесете тесто и оставете го 15 минути да надојде.
- Потоа развлечете го на голем круг и премачкајте го со нутела. Свиткајте ролат и пресечете по должина. Ќе добиете два дела кои треба да ги испреплетете. Премачкајте со едно јајце и така оставете го да стои околу 15 минути додека рерната се загрева на 200 степени.
- Печете додека не порумени, околу 25 минути. Од горе по желба посипете со шеќер во прав.
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате