Доколку немате идеја што да направите за ручек, еве одличен рецепт за кремаст компир. Можете да го послужите како прилог или како главен оброк.
Состојки:
- 6 поголеми компири
- 200 гр изрендано сирење
- 5 дл слатка павлака
- 2 чешниња лук
- бел бибер
- сол
- масло
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите и исечете ги. Малку намастете длабока тепсија и ставете ја павлаката, додајте изрендано сирење и исечкан лук. Посолете и побиберете по вкус.
- Додајте ги компирите и сè измешајте. Ставете да се пече на 200 степени.
- Послужете и уживајте!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат