Обварете ги пиперките и доматите 5 минути, ставете во тегла и ќе ја имате највкусната зимница.
Состојки:
- 4 кг. исчистени пиперки
- 4 кг. домати
- 150 гр. сол
- 150 гр. шеќер
- 400 мл. вински оцет
- 3 главици лук
- 2 китки магдонос
Начин на подготовка:
- Гответе ги доматите со додаден шеќер, сол и оцет 30 минути, а потоа додадете ги пиперките. Потоа додадете лук и магдонос па прелијте со сос од домати. Покријте сè и оставете го да отстои најмалку 1 час.
- Наредете ги пиперките во тегла и прелијте ги со сос, затворете ги теглите и ставете ги во рерна да се пастеризираат 90 минути на 50 Целзиусови степени. Исклучете и оставете ги теглите во рерна до следниот ден да се изладат. Да се чува на темно и ладно место.
Повеќе на Готви.мк:
Кременадли во слатко-солен сос: Брза подготовка за месо кое се топи во уста
Чоколадни мафини – спремни за миг!
Уштипци од 3 состојки без квасец: Изматете и веднаш пржете, вкусот е фантастичен