Еве како се прави традиционално макало од печени пиперки и компири.
Состојки:
- 4 чешниња лук
- 6 печени пиперки
- 500 гр компири
- масло
Начин на подготовка:
- Изблендирајте го лукот, па додадете ги исчистените печени пиперки и повторно изблендирајте.
- Компирите сварете ги, па процедете ги и изгмечете ги, па посолете и побиберете. Промешајте, па додадете лук и пиперки. Сè убаво соединете. Додајте малку вода, зачинете уште ако е потребно, па сè добро измешајте. Прелијте со масло и послужете.
Повеќе на Готви.мк:
Кременадли во слатко-солен сос: Брза подготовка за месо кое се топи во уста
Чоколадни мафини – спремни за миг!
Уштипци од 3 состојки без квасец: Изматете и веднаш пржете, вкусот е фантастичен