Време е за вкусна зимница…
Состојки:
- 1 кг свежа зелка
- 1 кг млади зелени краставички
- 1 кг зелени пиперки
- 2 кисели јаболка
- 1/2 кг зелени домати
- 1/2 кг моркови
- 100 гр сол
- 100 гр шеќер
- 500 мл алкохолен оцет
- 1,5 л вода
- бибер во зрно
- листови целер
Начин на подготовка:
- Зеленчукот исечкајте го на кругови, а зелката на резанки. Морковите малку бланширајте ги (околу 5 минути) изладете ги, па и нив исечкајте ги на кругови. Додајте бибер, целер.
- Во водата додајте оцет, сол и шеќер и добро измешајте, па прелијте преку салатата. Покријте па на секои 2-3 часа мешајте. Оставете преку ноќ и наредниот ден ставете во тегли.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт