Блог

Запечени макарони со пилешко и сусам – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Запечени макарони со пилешко и сусам.

Состојки:

  • 200 гр макарони
  • 250 мл павлака за готвење
  • 1 јајце
  • 1,5 лажички сол
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр пилешко бело месо
  • 2 лажици сусам

Начин на подготовка:

  1. Гответе ги макароните во солена (1 лажичка сол), зовриена вода. Посолете го пилешкото и пропржете го на малку масло.

     

  2. Кога макароните ќе се сварат, исцедете ги и додајте ги павлаката за готвење, изматеното јајце, 1/2 лажичка сол и половина рендано сирење, пилешкото исечкано на коцки и скоро 2 лажици сусам. Измешајте, па префрлете во плех, додадете го преостанатото сирење и посипете со уште малку сусам. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 20 минути.

Повеќе на Готви.мк:

Кременадли во слатко-солен сос: Брза подготовка за месо кое се топи во уста

Чоколадни мафини – спремни за миг!

Уштипци од 3 состојки без квасец: Изматете и веднаш пржете, вкусот е фантастичен

Колач со малини и јогурт – супер комбинација!



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -