Пица пита готова за половина час!
Состојки:
- 1 јајце
- 200 мл јогурт
- 100 мл масло
- 270 гр брашно
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 5 лажици кечап
- 200 гр шунка
- 50 гр чајна
- 100 гр сирење
- 200 гр кашкавал
- 100 гр свежа моцарела
- малку оригано
Начин на подготовка:
- Се мати јајцето, се додава јогуртот, солта, брашното и прашокот за печиво, се меша малку, па се додава маслото и се соединува со лажица.
- Тестото префрлете го во плех обложен со хартија за печење и распоредете го со намастени дланки.
- Истанчената кора премачкајте ја со кечап, па распоредете ја шунката, чајниот колбас и сирењето, па печете на 200°C околу 10 минути.
- После тоа, извадете ја питата од рерна, посипете со оригано, додадете моцарела, рендан кашкавал, па вратете ја во рерна и печете уште 10-15 минути.
Повеќе на Готви.мк:
Кременадли во слатко-солен сос: Брза подготовка за месо кое се топи во уста
Чоколадни мафини – спремни за миг!
Уштипци од 3 состојки без квасец: Изматете и веднаш пржете, вкусот е фантастичен