Совршен ручек за сите љубители на готвени јадења.
Состојки:
- 1 главица кромид
- 2 големи моркови
- 2 зелени пиперки
- малку смрзнат зеленчук од замрзнувач
- 4 големи компири
- 1 корен целер
- 1 домат
- листови целер и магдонос
- малку интегрални макарони
- 1 лажичка црвена пипер
- сол
- бибер
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Зеленчукот исечкајте го на коцки. Пропржете кромид, па додајте го останатиот зеленчук освен компирите.
- Продинстајте и додајте црвена пипер, и сечкан компир, како и сечкан домат, па налијте со вода и гответе околу 20 минути.
- Додајте малку тестенини и оставете да врие уште 10 минути, посолете, додајте бибер и магдонос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт