Збогатете ја вашата зимница со уште еден рецепт – пиперки во павлака.
Состојки:
- 1 кг пиперки
- 1,5 кг кисела павлака
- сол
Начин на подготовка:
- Пиперките измијте ги, исчистете ги од семки и излупете ги. Во секоја пиперка ставете по половина лажичка сол и оставете еден час. Потоа свртете ги да излезе течноста која пиперките ќе ја пуштат.
- Во павлаката додајте 2-3 лажици сол и измешајте. На дното на садот во кој ќе ги редите пиперките прво ставете 2 прсти павлака, а потоа редете пиперки полнети со павлака. После секој ред пиперки оди ред павлака, а последниот слој треба да биде 2 прсти павлака. Пиперките добро затворете ги и држете ги во фрижидер до недела дена.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Брзи рецепти“:
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука