Мафини со јаболка и ореви – брзи и вкусни.
Состојки:
- 100 гр путер
- 2 јајца
- 2 дл павлака (или јогурт)
- 6-7 лажици млеко
- 200 гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 250 гр брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 3 изрендани јаболка
- 100 гр крупно сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Путерот пенасто разматете го со ванилин шеќер и обичен шеќер. Постепено додавајте јајца, павлака и млеко.
- Со лажица додавајте изрендани јаболка и добро измешајте. Измешајте прашок за пециво со брашно и полека додајте го смесата, лажица по лажица.
- Во калапи за мафини ставете корпички за печење и во нив ставете ја подготвената смеса. Ставајте една лажица смеса, во средината ореви и од горе уште смеса.
- Печете 20 минути на 200 степени.
Послужете и уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
Малиџано – одличен домашен рецепт