Во овој ручек ќе ужива целото семејство.
Состојки:
- 2 големи компири
- 1 главица кромид
- 4 виршли
- масло за пржење
- зачини по желба
Начин на подготовка:
- Компирите и кромидот излупете ги и исечкајте ги на коцки. Во длабока тава или тенџере ставете масло, додајте компири и кромид, па посолете.
- Пржете на тивок оган со постојано мешање. Виршлите исечкајте ги на кругови, а кога компирите ќе се запечат, ставете ги во тава и пржете ги. Додајте и малку вода, оставете на шпорет додека водата не испари, а компирот не омекне.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна