Направете ги јадењата уште повкусни со овој сос.
Состојки:
- 2 варени жолчки
- 1 сирова жолчка
- 2 лажици масло
- 2 лажици сенф
- сок од лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Изгмечете варени жолчки и додајте една сирова, посолете, побиберете, па добро измешајте.
- Додајте масло и матете со миксер.
- Потоа додајте сенф и уште малку измешајте, на крај закиселете со сок од лимон.