Кој сака класични кнедли, ќе ги засака и овие уште повкусни…
Состојки:
- 100 гр гриз
- 100 гр брашно
- 350 мл вода
- 50 мл масло
- јаболка или суви сливи
- малку цимет
- суво грозје
- презла
Начин на подготовка:
- Загрејте вода до точка на вриење, додајте масло па ставете брашно измешано со гриз и прашок за печиво. Измешајте добро и малку изладете.
- Вадете топчиња, растегнете на дланка и ставете коцки јаболка со цимет и малку суво грозје.
- Свиткајте во кнедли. Гответе во вода околу 10 минути додека не испливаат на површина. Извалкајте во презла.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи