Одличен избор за доручек или вечера…
Состојки:
- 1/2 кг тенки готови кори
- 200 гр сирење
- 2 јаја
- 100 мл јогурт
- масло
Начин на подготовка:
- Издробете сирење, додајте јајца и јогурт, па измешајте. Протресете ја кората, малку намастете, намачкајте со фил и свиткајте.
- Плехот премачкајте го со масло, па свитканата кора ставтејте ја во круг како полжав на средина. Редете ги во круг и останатите кори. Премачкајте со малку јогурт и масло.
- Печете на 200 степени 30-40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи