Неодолив десерт…
Состојки:
- 500 мл слатка павлака
- 200 гр крем сирење
- 2 кесички ванилин шеќер
- 150 гр бел еурокрем
- 150 гр темен еурокрем
- 1 пакување пишкоти (105 гр)
- 150 мл млеко
- сечкано чоколадо за декорација
- сечкани чоколадни наполитанки за декорација
Начин на подготовка:
- Крем сирењето и ванилиниот шеќер соединете ги. Слатката павлака разматете ја, па додајте крем сирење и добро измешајте. Смесата поделете ја на 2 еднакви дела. Потоа во еден дел додајте светол еурокрем, а во друг темен.
- Во тепсија редете пишкоти потопени во млеко, па преку прво темен фил, убаво израмнете, а потоа ставете светол фил. Декорирајте по желба.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“: