Брз и едноставен рецепт за вкусен ручек.
Состојки:
- 500 гр грашок
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 300 гр мелено месо
- 1 помал компир
- 50 мл масло
- малку црвена пипер
- сол
- бибер
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Исечкајте кромид, морков на кругови, па пропржете, додајте мелено месо и малку издинстајте. Додајте грашок и компир на коцки. Ставете вода па гответе тивко да се зготви и водата да зоврие. Додајте црвена пипер, бибер и на крај сечкан магдонос.
Добар апетит!