Ако немате многу време, еве одличен предлог за брз оброк.
Состојки:
- 3 парчиња пилешко филе
- 2 дл млеко
- брашно
- 30 гр путер
- малку масло
- сол
- бибер
- оригано
Начин на подготовка:
- Исечкајте го месото на тенки шницли, посолете и побиберете, па извалкајте во брашно.
- Растопете путер во тава и додајте масло, па кога ќе се загрее ставете месо. Испржете го месото и потоа додајте млеко, зачинете уште и додајте оригано.
- Поклопете и лесно динстајте 10-12 минути.
- Потоа тргнете го поклопот, засилете го огнот и крчкајте уште 10 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи