Најлесен начин да подготвите домашно сирење од јогурт.
Состојки:
- 750 мл грчки јогурт
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка сушен магдонос
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка сушен власец
Начин на подготовка:
- Посолете го грчкиот јогурт и добро измешајте. Ако сакате, додадете магдонос, лук и власец. Добро измешајте, па ставете ја смесата во газа.
- На сад ставете цедалка, а потоа ставете ја газата со јогурт. Оставете да се исцеди во фрижидер 48 часа. Извадете на хартија за печење и обликувајте по желба. Не мора да додавате зачини во сирењето ако не сакате, само солта е задолжителна.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи