Направете вкусни крокети од пире од компири: Се топат во уста!
Состојки:
- 600 гр компири
- 200 гр сирење
- 1 јајце
- 10 гр путер
- 100 гр брашно
- 16 гр прашок за пециво
- 2 јајца за пох
- презла за пох
Начин на подготовка:
- Компирите сварете ги, па испасирајте ги. Додадете путер, брашно, прашок за пециво, јајце, сол, бибер и рендано сирење.
- Сè добро измешајте. Оставете во фрижидер 2 часа да стегне. Од добиената смеса формирајте крокети кои ги валкате во изматени јајца, а потоа во презла. Се пржат на загреано масло на умерена температура.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта