Рецепт за вкусен десерт…
Состојки:
- 500 гр бисквити
- 4 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 1/2 л млеко + млеко за потопување на бисквитите
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица путер
Начин на подготовка:
- Половина литар млеко, 5 лажици шеќер и путер ставете да зоврие. Жолчките измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко. Во врелото млеко полека ставете ја масата со жолчки, постојано мешајќи. Гответе околу 2 минути. Оставете да се излади.
- Бисквитите потопете ги во топло млеко и наредете на тацна. Филувајте со изладен фил и од горе ставете уште еден ред бисквити. По желба украсете со шлаг или шам од останатите белки.
Уживајте!