Вкусен и брз ручек. Ќофтиња од мелено месо и грашок.
Состојки:
- 300 гр мелено месо
- парчиња сув леб
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 500 гр грашок
- брашно по потреба
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Измешајте леб натопен со млака вода со мелено месо. Зачинете и добро измешајте, па направете топчиња и извалкајте ги во брашно. Пропржете ги ќофтињата на загреано масло од двете страни.
- Издинстајте и исечкајте кромид и лук, па додајте грашок, малку вода и зачини. Оставете да крчка околу половина час со повремено мешање. Сервирајте ги ќофтињата со грашок.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо