Мирисот на домашно печиво ќе ве освои…
Состојки:
- 300 мл млака вода
- 15 гр квасец
- 1 лажичка шеќер
- 450 гр лебно брашно
- малку сол
- 1 лажица интегрално пченично брашно
- 2 лажици ленено семе
Начин на подготовка:
- Растопете квасец во вода, додајте две лажици брашно и шеќер па кога ќе запени додајте го остатокот од брашното, сол, интегрално брашно и ленено семе.
- Замесете глатко тесто, покријте и оставете да одмара околу 30 минути на собна температура. Нараснатото тесто ставете го на побрашнета маса и изработете со раце во облик на векна.
- Исечкајте го на мали парчиња и со раце обликувајте мали топчиња. Наредете ги во калапи за мафини и оставете да нарасне.
- Печете на 180 степени 40-45 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: