Брзи и неодоливи колачи без печење.
Состојки:
- 300 гр плазма бисквити
- 300 гр путер од кикирики
- 200 гр чоколадо
Начин на подготовка:
- Иситнете ги бисквитите во блендер, а потоа измешајте ги со путерот од кикирики. Добро соединете, па направете форми. Покријте со проѕирна фолија и ставете во замрзнувач 5 минути.
- Растопете го чоколадото и потопете ги колачињата. Ставете во фрижидер околу 5 минути. Остатокот од чоколадото истурете го во кесичка, а потоа исечете го горниот дел и украсете.
Уживајте!