Од состојки кои сите ги имате дома направете печени компири со путер.
Состојки:
- 4 компири
- 120 гр тврдо сирење
- магдонос
- 2 чешниња лук
- 50 гр путер
Начин на подготовка:
- Згответе компири во посолена вода. Потоа оставете да се изладат, а во помал сад измешајте рендано сирење, сечкан магдонос и мелен лук, како и путерот на собна температура. Добро измешајте да се соединат сите состојки.
- Потоа исечете ги компирите на половина, малку издлабете ги во средина и намачкајте со добиената мешавина од путер и сирење. Печете во рерна на 220 степени околу 15 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи