Послужете со пире од компири.
Состојки:
- 2 парчиња пилешки гради
- сол, бибер, лук, слатка пиперка
- 2 лажици брашно
- 150 мл бујон
- сок од половина лимон
- 1/2 лажичка мед
Начин на подготовка:
- Исечете го пилешкото на коцки. Додадете бибер, сол, мелена пиперка и брашно и измешајте сè со раце добро да впие.
- Се става во тавче да се пржи. Во меѓувреме измешајте го сокот од лимон со медот и една чаша бујон.
- Кога пилешкото ќе фати златна кора, додајте ја подготвената мешавина.
- Крчкајте неколку минути додека не се згусне сосот.
Добар апетит!