Кремаста салата со грашок, пилешко и варени јајца.
Состојки:
- 1 конзерва грашок или 1 кесичка смрзнат грашок
- 3 јајца
- 1 чешне лук
- 1 краставица
- сол, бибер
- павлака или мајонез
- 1 парче пилешко филе
Начин на подготовка:
- Сварете ги јајцата и исечете ги на мали парчиња. Исто така исечкајте ја краставицата. Можете да го пржите или да го зготвите пилешкото, а потоа исечкајте го. Измешајте сè во еден сад, додадете грашок, зачини, лук и неколку лажици павлака или мајонез по желба. Се добро измешајте и послужете.
- Напомена: Доколку користите замрзнат грашок, прво сварете го, а потоа изладете го.
Добар апетит!