Гурманска проја со сувомеснато и кашкавал.
Состојки:
- 3 јајца
- 2 чаши кисела вода
- 2 лажици ајвар
- 1 шолја пченично брашно
- 1 шолја пченкарно брашно
- 1/2 шолја пченкарен гриз
- 1 кесичка прашок за печиво
- 2 лажички сол
- 100 гр сувомеснато
- 100 гр кашкавал
- 2 кисели краставички
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со миксер па додајте кисела вода, а потоа и ајвар. Полека сѐ соединете па постепено со благо мешање ставете го прво пченичното брашно, потоа пченкарното и на крај гриз. Посолете и благо соединете.
- На крај измешајте ситно сечкано сувомеснато, кашкавал и краставички. Добиената смеса ставете ја во намастен плех со калапи и печете 30 минути во рерна на 200 степени. Послужете топло со јогурт или кисело млеко.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви