Со овие совети варениот зеленчук добива фантастичен вкус.
Состојки:
- 2-3 компири
- 2 моркови
- 1 рака боранија
- малку карфиол
- малку брокула
- пилешки џигер или пилешки батаци
Начин на подготовка:
- Исчистете го зеленчукот и обварете го, па ставете го во тенџере во кое има дополнителен сад со решетка. Можете да додадете и пилешки џигер или пилешки батаци.
- Во долното тенџере ставете вода. Ставете во шпорет и гответе на тивок оган 20-30 минути.
- Обварениот зеленчук посолете го по желба и прелијте го со маслиново масло.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи