Брз и вкусен оброк: Сендвичи од тава.
Состојки:
- тост леб
- 50 гр шунка
- 1/2 праз
- 1/2 црвена свежа пиперка
- 2 јајца
- 1 лажица крем сирење
- малку тврдо сирење
Начин на подготовка:
- Измешајте јајца, додајте крем сирење и кашкавал, па разматете. Додајте пиперка на ситни коцки, сечкан праз и шунка. Изедначете.
- Исечете ја средината од лебот. Рабовите од тост лебот ставете ги во намастена тава. Во секоја коцка ставете од смесата со јајца, притиснете со шпатула и печете околу 3 минути. Ставете по лажица рендан кашкавал преку, а потоа и исечкана средина од лебот и повторно притиснете, полека превртете и печете од другата страна. Свртете неколку пати.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи