Крупните чоколадни парчиња овие колачиња ги прават уште повкусни.
Состојки:
- 2 јајца
- 200 гр брашно
- 80 гр путер на собна температура
- 100 гр чоколадо
- 1 лажичка екстракт од ванила или ванилин шеќер
- 80 гр шеќер
- 1 лажичка прашок за печиво
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Во чинија разматете омекнат путер, јајца, прстофат сол, шеќер и ванила. Додајте просеано брашно, прашок за печиво и ситно исечкано чоколадо. Оставете малку чоколадо на страна.
- Смесата добро измешајте ја со раце, малку премесете. Со лажица за сладолед вадете топчиња и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Обликувајте колачиња. Преку ставете чоколадо.
- Чоколадото со помош на лажица благо притиснете го во тестото. Печете во добро загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути. Колачињата треба да останат светли, а од долната страна да поруменат.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт