Вкусен и здрав десерт – крем од авокадо, банана и какао.
Состојки:
- 2 зрели авокада
- 1 банана
- 25 гр какао
- 60 мл кокосово млеко
- 2 лажици мед
- 1 лажичка ванила
Начин на подготовка:
- Авокадото и бананата излупете ги и исечкајте ги на мали парчиња. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата не стане глатка. Ако сакате кремот да не биде многу густ, додека блендирате додајте уште малку млеко. Префрлете во стаклени садови па добро разладете во фрижидер.
- Пред послужување посипете со сечкани ореви.
Уживајте!