Солените мафини со сирење можат да бидат одлична замена за леб.
Состојки:
- 5 јајца
- 50 мл масло
- 150 гр кисела павлака
- 200 гр ситно сирење
- 180 гр брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- сусам
Начин на подготовка:
- Посолете ги и изматете ги јајцата. Потоа додадете го маслото и продолжете со матење. Додадете го сирењето и павлаката, па соединете со миксер. На крај додадете го просеаното брашно со прашокот за печиво и измешајте. Во калап за мафини ставете хартиени калапи и истурете ја смесата. Посипете со сусам и печете на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“: