Несоницата можете да ја победите со природни сокови и промена на некои навики.
За да се изборите со несоницата, пред спиење добро е да уживате во топла купка, а времето пред спиење да го поминете во пижами, а не во облеката во која сте цел ден. Исто така, не јадете 1-2 часа пред спиење и исклучете ги сите уреди барем 30 минути пред спиење.
Во продолжение еве еден рецепт за природен сок против несоница:
Состојки:
- целер
- кељ
- малку спанаќ
- четвртина краставица
- половина банана
Начин на подготовка:
- Сите состојки ставете ги во блендер и разматете. Додајте вода по потреба.