Вкусна протеинска салата од јајца и пилешко…
Состојки:
- 100 гр пилешко
- 2 јајца
- 4 ротквици
- 1 пиперка
- 1 домат
- 1/2 свежа краставица
- 1 лимон
- 1 лажица маслиново масло
- 5 маслинки
- сол
Начин на подготовка:
- Пилешкото исечкајте го на ленти или коцки па пропржете го на тава. Оставете да се излади.
- Јајцата згответе ги па исечкајте ги на ситно. Доматот, пиперката и краставицата исечкајте ги и ставете ги во поголем сад. Додајте маслинки, месо и јајца па посипете со цеден сок од лимон и маслиново масло. Посолете по желба.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи