Феноменална комбинација од вкусно месо и зачини…
Состојки:
- 1,5 кг телешко мелено месо
- 2 црвени пиперки
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 лажица сол
- 1 лажица доматен сок
- 1 лажичка лута мелена пипер
- 1 лажичка бибер
Начин на подготовка:
- Во блендер ставете кромид, лук и пиперки и сомелете, но не во каша, туку на ситни парчиња. Во голем сад ставете мелено месо, од горе додајте ја смесата од блендер, потоа сите зачини, сол и доматно пире и убаво измешајте.
- Смесата ставете ја во фрижидер на 2-3 часа за вкусовите да се измешаат. Од ладната смеса правете топчиња и нижете ги на ражничи, притиснете ги да останат траги од прсти и печете на скара додека не добијат убава боја.
- Сервирајте со свежа салата и сосеви по желба.
Добар апетит!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт