Неодолив вкус, салата која отвара апетит…
Состојки:
- 6-7 пиперки
- 100 гр мајонез
- 200 гр кисела павлака
- 1 чешне лук
- малку сечкан магдонос
- 2-3 лажици јаболков оцет
- сол
- бибер
- малку шеќер
Начин на подготовка:
- Пиперките испечете ги во рерна. Излупете ги и извадете ги семките. Исечкајте ги на коцки. Измешајте ги останатите состојки, лукот изрендајте го или исечкајте го. Сѐ спојте, пробајте и ако е потребно досолете.
- Одлична е ладна од фрижидер со врел компир (печен, пржен или во лушпа). Совршено оди и со поховани шницли, печени колбаси…
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)