Вкусна полнета погача која ќе ве освои на првиот залак!
Состојки:
- 500 гр брашно тип 400 + 100 гр
- 2 јајца
- 50 мл масло
- путер
- 1 чаша јогурт
- малку сол
- 150 гр кашкавал
- 3 чешниња лук
- магдонос
- квасец
- 30 мл млако млеко
Начин на подготовка:
- Млекото и квасецот разматете ги, оставете квасецот да се активира па после 5 минути додајте брашно. Кога тестото малку ќе го замесите, додајте јајца, масло, рамна лажица путер, 1 шолја јогурт и лажичка сол
- Трпеливо матете го тестото за погача. Треба да биде средно меко. Кога ќе го замесите, оставете го половина час да нарасне.
- Развлечете го во правоаголник, па половина од тестото премачкајте со растопен путер, изрендан лук, сечкан магдонос. Со онаа половина која не сте ја премачкале, преклопете го премачканиот дел. По новата површина наредете коцки кашкавал.
- Потоа погачата свиткајте ја во ролат и исечкајте ја на 7 еднакви делови: Потоа секој дел наредете го во округла тепсија во круг, премачкајте со жолчка и посипете со сусам.
- Печете на 200 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)