Мешавината од зачини им дава пикантна нота на свинските ребра.
Состојки:
- кора од половина лимон
- 2 лути црвени пиперчиња
- 2 чешниња лук
- неколку гранчиња коријандер
- 20 гр рендан ѓумбир
- 50 гр кафеав шеќер
- 150 мл пиво
- 100 мл кечап
- 100 мл соја сос
- 2 лажици ворчестер сос
- бибер
- 1,5 кг свински ребра
Начин на подготовка:
- Кората од лимон исчистена од белиот дел, лутите пиперчиња, лукот и коријандерот ситно исечкајте ги, измешајте со ѓумбир, шеќер, пиво, кечап, ворчестер и соја сос, додајте малку сол и бибер па оставете ги ребрата да отстојат 8 часа во маринадата во фрижидер.
- Извадете ги ребрата и печете ги околу 40 минути на скара вртејќи ги и премачкувајќи ги со останатата маринада.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна