Брзи и вкусни погачици, се топат во уста…
Состојки:
- 250 гр брашно
- 200 гр сирење
- 200 гр маргарин
- 1 жолчка
- малку ким
- малку сол
Начин на подготовка:
- Разматете маргарин па додајте сирење и соединете со миксер да биде пенасто. Додајте брашно и сол ако сирењето не е солено. Замесете да биде глатко.
- Оставете во кеса околу еден час, па со сукало израмнете, превиткајте неколку пати за тестото убаво да се изедначи.
- Вадете погачици со калап и редете ги во плех. Премачкајте ги со жолчка и посипете со ким. Печете на 220 степени околу 20-25 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука