Ова смути ќе ви ги даде сите потребни хранливи материи да го започнете денот полни со енергија.
Состојки:
- 3 киви
- 1 банана
- 2 шолји бејби спанаќ
- 50 гр овесни снегулки
- 1 шолја бадемово млеко
- 250 гр грчки јогурт
Начин на подготовка:
- Во блендер прво ставете млеко, овесни снегулки и спанаќ и изблендирајте добро додека не добиете изедначена маса. Потоа додајте грчки јогурт и овошје и блендирајте додека масата не стане компактна.
- Послужете и уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи