Доколку сте љубители на баварско печиво, не морате веќе во пекара – направете го сами дома.
Состојки:
- 800 гр брашно
- 200 мл топло млеко
- 200 мл топла вода
- 1 квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 3-4 лажички сода бикарбона
- 50 мл масло
- 1-2 л вода
Начин на подготовка:
- Квасецот активирајте го па соединете го со брашно, додајте сол, млеко и вода па почнете со мешање. Замесете глатко тесто. Вратете го во садот за мешање, покријте со фолија и почекајте еден час да нарасне.
- Потоа тестото премесете го, исечете кори, развлечете и правете печиво.
- Во два литра врела вода ставете сода бикарбона и на минута до две ставајте ги печивата. После тој процес ставете во плех, посипете со сусам по желба и печете 25-30 минути на 180 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи